Во Анкара почна Самитот на НАТО, Сиљановска-Давкова со порака за проширувањето
Во Анкара се одржува Самитот на НАТО, посветен на европската безбедност, војната во Украина и иднината на Алијансата. Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во Анкара, Самит на НАТО посветен на иднината на европската безбедност и на војната во Украина. Македонската државна делегација ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова.
„Денеска сакам да кажам дека мотото ’Посилна Европа, посилно НАТО‘ по мое мислење е проширувањето. Обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е Европа која предводи во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака“, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет.
Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да има обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји-членки на НАТО.
Во Анкара е и екипа на МРТ. Известува Марина Стојанова-Тонева.
