Муцунски на средба со холандскиот министер за надворешни работи на маргините на Самитот на НАТО во Анкара
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е дел од македонската делегација на Самитот на НАТО во Анкара, на маргините на собирот се сретна со својот холандски колега Том Берендсен. Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, регионалните и европските прашања и партнерството во Алијансата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, учествува на Самитот на НАТО во Анкара, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
На маргините на Самитот, Муцунски оствари средба со холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен. На состанокот се разговараше за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за соработката во рамки на НАТО.
Главни теми на 36. Самит на НАТО се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, споделувањето на товарот меѓу сојузниците, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија и актуелните безбедносни предизвици, при што се очекува лидерите да донесат важни одлуки за иднината на Алијансата.
