Македонија

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје

08.07.2026 11:29

Судскиот совет оцени дека нејзината програма била покомплетна од онаа на колегата Ивица Стефановски и покажала одлични менаџерски способности.

Судијката Даниела Димовска е избрана за нова претседателка на Кривичниот суд во Скопје. Актуелната в.д. шефица на судот беше еден од двајцата кандидати, пријавени на огласот.

Судскиот совет оцени дека нејзината програма била покомплетна од онаа на колегата Ивица Стефановски и покажала одлични менаџерски способности.

Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете пријави биле уредни и кандидатите ги поминале предвидените тестирања и интервјуа. По усвојувањето на извештајот и спроведеното гласање, за претседател е избрана Димовска.

Димовска пред една година беше избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Претходно беше судија во Одделението за организиран криминал и корупција при истиот суд.