Судијката Даниела Димовска избрана за нова претседателка на Кривичниот суд во Скопје
Судијката Даниела Димовска е избрана за нова претседателка на Кривичниот суд во Скопје. Досегашната в.д. шефица на судот беше еден од двајцата кандидати, пријавени на огласот. Судскиот совет оцени дека нејзината програма била покомплетна од онаа на колегата Ивица Стефановски и оти Димовска покажала одлични менаџерски способности.

Со 11 гласа „за“ и четири по Бадинтер, досегашната в.д. шефица на Кривичен, Даниела Димовска е избрана за нов претседател на Судот. За оваа функција беа пријавени само двајца кандидати, Димовска и судијата Ивица Стефановски.
Со развојна, визионерска и реална програма во рамките на можностите што дозволува буџетот, но и оптимизам дека може да се обезбедат повеќе средства – ова беше оценката за Димовска.
Дел од членовите сметаат дека изборите за претседател на суд треба да бидат поефикасни и да овозможат еднаков пристап на сите кандидати.
Димовска беше поставена на должноста в.д. претседател пред повеќе од една година, откако претходниот претседател, Иван Џолев беше избран во повисокиот, Апелациски суд. Претходно димовска беше судија во Одделението за организиран криминал и корупција при истиот суд.
Ана Јосифоска
