УКРАИНА

Русија повторно со нападни врз Киев и Одеса, има повредени

08.07.2026 16:12

Новиот напад доаѓа во екот на самитот на НАТО во Анкара, каде што е предвидена средба Трамп – Зеленски. Украинскиот лидер на маргините на самитот потпиша договори за беспилотни летала и бара лиценци од САД за производство на системи „Патриот“.

По третпат за една недела, Русија го нападна Киев и Одеса, има повредени. Иако воздушната одбрана на Украина пресретна повеќе од 80 насто од лансираните дронови, сепак не беа во можност да соборат ниту една од петте балистички ракети.

Новиот напад доаѓа во екот на самитот на НАТО во Анкара, каде што е предвидена средба Трамп – Зеленски. Украинскиот лидер на маргините на самитот потпиша договори за беспилотни летала и бара лиценци од САД за производство на системи „Патриот“.

Дипломатијата за крај на војната и натаму без конкретен напредок и покрај неодамнешниот разговор Трамп – Путин. Ш

ефот на Белата Куќа вели дека на војната и се ближи крајот, иако Кремљ останува на ставот, Украина да го отстапи остатокот од својот источен регион Донецк.