Трамп одново го отвори прашањето за преземање на Гренланд
Трамп обвини дека Данска не троши пари за навистина да му помогне на островот, кој е важен дел за САД, а е опкружен со кинески и руски бродови.

Шефот на Белата Куќа одново го отвори прашањето за преземање на Гренланд, заканувајќи се дека ќе ги повлече сите американски вооружени сили од Европа.
Трамп обвини дека Данска не троши пари за навистина да му помогне на островот, кој е важен дел за САД, а е опкружен со кинески и руски бродови.
Данската премиерка повтори дека Гренланд не е на продажба, потенцирајќи дека очекува од сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет.
Од почетокот на вториот мандат, барањето на Трамп, САД да воспостават контрола над автономната Данска територија предизвика тензии помеѓу Вашингтон и Копенхаген, во НАТО и во Европа.
