Ново рочиште во процесот против 13-темина полицајци, обвинети за случајот „Пулс“
Според обвинението, деветмина од нив поминале во кочанското кабаре само десет минути пред да се случи катастрофалниот пожар, кој однесе 63 животи со над 230 повредени – не ја спречиле трагедијата со пиротехниката, внесена и запалена без одобрение на полицијата...

Во Кривичниот суд, ново рочиште во процесот против 13-темина полицајци, обвинети за случајот „Пулс“. Според обвинението, деветмина од нив поминале во кочанското кабаре само десет минути пред да се случи катастрофалниот пожар, кој однесе 63 животи со над 230 повредени – не ја спречиле трагедијата со пиротехниката, внесена и запалена без одобрение на полицијата. Претходно, сите 13 полицајци се изјаснија за невини.
Според обвинението, планот за акциска контрола во објектот бил изготвен без да се запазат процедурите за проценка и управување со ризик, ниту биле преземени мерки за да се спречи активирање на пиротехниката од која настана смртоносниот пожар.
