Здравје

Заштита на децата во летниот период

08.07.2026 17:09

Многу течности и избегнување на претерано изложување на сонце – ова е советот од лекарите до родителите на дечињата во летниот период...

Летните горештини и долгата изложеност на сонце го зголемуваат ризикот од прегрејување и дополнителни компликации со стомачни вируси, пневмонии па дури и менингитиси или енцефалити кај децата. Педијатрите предупредуваат дека нивната желба за игри и дружења во екстремно топло време често може да заврши и со електролитен дисбаланс, повраќање, омалаксаност, нервоза и други симптоми. Но занемарувањето на една таква слика која подолго трае може да биде пресудно во навременото лекување, вели за МТВ педијатарот Софијанова.

Доктор Софијанова посочува дека каснувањето од инсекти или алергии може дополнително да доведат до посериозни ситуации, па родителите треба будно да следат се што се случува со нивното дете, особено кога се на летување.

Меѓу препораките и онаа за заштита од евентуални изгореници со кремови со фактор за сончање, и пократко изложување на сонце во периодот од денот кога УВ зраците се најсилни.

 

Фиљана Кока