Изборен законик

Партиски иницијативи за Изборниот законик пред Уставниот суд

08.07.2026 18:15

Поплаки за достапноста на медиумскиот простор и распределбата на парите за платено политичко рекламирање. Партиски иницијативи, со кои се оспоруваат одредби од Изборниот законик пред Уставниот суд...

Во Уставниот суд го немаше потребното мнозинство гласови за да се донесе одлука за оценка на уставноста по иницијативите од Левица и Демократи за платеното политичко рекламирање. Одлуката е одложена за некоја наредна седница. Според уставниот судија Осман Кадриу, оспорувањето е основано зашто е потребен рамноправен, законит и недискриминаторски пристап при распределбата на медиумскиот простор и јавните финансии за време на изборна кампања. Галевска – Трајчевски, пак, истакна дека Уставниот суд не треба да навлегува во тоа дали треба да им политичко рекламирање, туку да ги оценува критериумите на распределба.

Левица тврди дека сегашните законски решенија ги ставаат помалите политички партии во нерамноправна положба при распределбата на медиумскиот простор и финансиската поддршка. Оттаму сметаат дека во пракса најмногу добиваат четирите најголеми политички партии, а помалите немаат еднаков пристап до јавноста.

Финансирањето на партиите и гласањето на дијаспората и натаму камен на сопнување на изборниот законик. СДСМ се сомнева во обид за кражба на гласови, ВМРО-ДПМНЕ со повик до опозицијата да се постигне консензус.

И на последната средба немаше договор за Изборниот законик.

 

Александра Велинова