Нов случај на маларија во земјава
Во Македонија е потврден нов случај на заразен со маларија. Здравствените власти смируваат – случајот е увезен, но, потребна е внимателност.

Висока температура, треска и исцрпеност. Симптоми кои на почетокот личат на обичен вирус, а завршуваат со дијагноза што ретко се слуша кај нас – маларија.
Во земјава потврден нов случај на оваа опасна болест што ја пренесува комарец и секоја година одзема стотици илјади животи во светот.
Здравствените власти смируваат – станува збор за увезен случај, но апелираат на внимание кај сите што патуваат во ризични подрачја.
Без навремено лекување, болеста може да премине во тешка и животозагрозувачка форма.
На Инфективната клиника сè уште се хоспитализирани двајцата пациенти кај кои претходно беше дијагностицирано западно-нилска треска.
Пациентите се во добра состојба, лекувањето е во тек и се очекува наредната недела да бидат пуштени од болница.
Ана Јосифоска
