Временска прогноза

Сончево време со мала до умерена облачност

09.07.2026 08:17

Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Утринските температури ќе се движат меѓу 10 и 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.