Пoчна празничната новогодишна треска во светот

23.12.2013 17:57

Во целиот свет  во тек се подготовките за божикните и новогодишните празници. И покрај глобалната економска криза, сепак луѓето купуваат подароци за да ги развеселат најблиските  со желба животот во новото лето да им биде среќно. Но секаде  не е  така, особено во земјите каде што се уште се војува, како што е состојбата во  Сирија.   Луѓето таму посакуваат по три години во земјата да завладее мирот, а најголема  желба  на раселените  лица е тие да се вратат  во своите  домови.

 -Да не не посетија овие луѓе  од Црвениот крст и немаше да знаеме дека  доаѓа Нова година, изјави  сириска бегалка.

И нејзиниот сопруг се согласува со  добронамерноста на Либијците,  но сепак   рече  дека  најдобро е да се вратат  во своите домови во Сирија.   

И во уште една кризна точка од светот се чувстува празнична атмосфера.  Христијаните во Газа се подготвуваат за празникот-Христовото раѓање.

Во Источен Ерусалим,  каде што христијаните се малцинство, нема многу продавници, но сите сме расположени да купиме барем еден подарок, изјави жител  од Газа.

 -Во Европа нема безбедносна, но има финансиска криза.  Затоа ретко каде може да се види хистерија за купување  подароци каква што имаше пред некоја година. Парижаните  на пример  решија да штедат.  

 -И не мора да се купуваат скапи подароци , доволно е да си овде во градот на светлината и да ја почувствуваш атмосферата, изјави  еден  млад човек.

 Божикните и новогодишните  празници за сите значат нов почеток, кој би требало да донесе остварување на желбите, тоа особено многу ќе им значи на Сиријците.

Мирјана Василева