Македонија

Мицкоски во работна посета на Битола

09.07.2026 09:00

Премиерот најпрво ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни работи за реконструкција на новата училишна зграда ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Битола, каде ќе посети стопански и образовен објект.

Во рамки на посетата, премиерот најпрво ќе ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“, а потоа ќе изврши увид во тековните градежни работи за реконструкција на новата училишна зграда на Основното училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади.