Самит во Анкара

Муцунски: НАТО испорачува резултати, остануваме посветен и кредибилен сојузник

09.07.2026 10:46

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оцени дека Самитот на НАТО во Анкара донел историски одлуки за зајакнување на Алијансата. Тој истакна дека Северна Македонија ќе продолжи активно да придонесува кон колективната безбедност и единството на НАТО.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оцени дека Самитот на НАТО во Анкара бил историски, со одлуки кои дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе ја унапредат нејзината подготвеност за сегашните и идните безбедносни предизвици.

Според Муцунски, на Самитот била потврдена заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и продолжување на поддршката за Украина.

На маргините на Самитот, Муцунски остварил повеќе билатерални средби со министри и високи претставници од земјите-членки на НАТО, како и со сојузници и партнери. На средбите се разговарало за билатералната соработка, активностите во рамките на Алијансата и актуелните регионални и глобални безбедносни предизвици.

Муцунски порача дека Северна Македонија, како посветен и кредибилен сојузник, ќе продолжи активно да придонесува кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството на НАТО.