МВР

Пронајдена поголема количина дрога во напуштен подрум во скопски Аеродром

09.07.2026 13:48

Полицијата пронашла поголема количина разновидна наркотична дрога и три дигитални ваги при претрес во напуштени подрумски простории во општина Аеродром. Во тек е истрага за расчистување на случајот.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера пронашле поголема количина разновидна наркотична дрога при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.