МВР

На Деве Баир запленети 24 пакувања марихуана, уапсен албански државјанин

09.07.2026 19:20

Албански државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Деве Баир“, откако при претрес на товарно возило што го управувал биле пронајдени 24 пакувања со марихуана.

Полициски службеници на Граничниот премин „Деве Баир“ вчера вечер лишиле од слобода 40-годишен државјанин на Албанија, откако при гранична контрола и претрес на товарно возило биле пронајдени 24 пакувања со марихуана.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес на товарно возило „волво“ со албански регистарски ознаки, кое го управувал Ч.А. (40), во кабината на влекачот биле откриени и одземени 24 пакувања со марихуана.

За случајот бил известен јавен обвинител, а осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе биде спроведена понатамошна постапка.