Милошоски на состанок на претседатели на комисиите за надворешна политика во Загреб
25.09.2014 11:24
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски денеска и утре ќе учествува на состанок на претседатели на комисиите за надворешна политика на земјите од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на состанокот, чија цел е интензивирање на парламентарната соработка и унапредување на регионалниот дијалог, ќе стане збор за механизмите за унапредување на економската соработка, како и за европските предизвици на земјите од Југоисточна Европа.