ЕЕС систем

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки

09.07.2026 12:05

Според Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија, блокот сè уште не е подготвен постепено да ги укине сегашните мерки.

Коалиција од девет европски земји бара од Брисел да ја продолжи флексибилноста во итни случаи за системот за влез и излез од унијата и по шести септември.

Според Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија, блокот сè уште не е подготвен постепено да ги укине сегашните мерки.

Механизамот за итни случаи им овозможува на граничните служби, привремено да го суспендираат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето на патниците.

Целта е да се намали метежот на граничните премини, при што и натаму со пасош се евидентира секое лице што влегува и излегува од Шенген-зоната.