Култура

„Приказната за Силјан“ со две номинации за наградите Еми

09.07.2026 12:40

Двете номинации се доделени за работата на филмот како документарен проект на „Нешнал џиографик“.

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, доби две номинации за престижните телевизиски награди Еми, продолжувајќи го успешниот меѓународен пат на остварувањето што минатата година ја имаше својата светска премиера на Венецијанскиот филмски фестивал.

Двете номинации се доделени за работата на филмот како документарен проект на „Нешнал џиографик“. Наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија на 16-ти септември во Лос Анџелес.