Лекот „Фостер“ од 1 август достапен со намалена партиципација, без доплата
Астматичарите и пациентите со ХОББ од 1 август лекот „Фостер“ ќе можат да го земаат со партиципација од 280 денари, дотогаш ќе се продава по цена над 1.000 денари. Парите за овој период нема да им бидат рефундирани на пациентите, бидејќи во аптеките го има заменскиот лек „Блоцеста“ кој е без доплата.

Астматичарите и пациентите со ХОББ од 1 август лекот „Фостер“ ќе можат да го земаат со партиципација од 280 денари, дотогаш ќе се продава по цена над 1.000 денари. Парите за овој период нема да им бидат рефундирани на пациентите, бидејќи во аптеките го има заменскиот лек „Блоцеста“ кој е без доплата.
Од фондот велат, со воведување на овој генерички лек се заштедуваат приближно 50 милиони денари, пари кои ќе бидат искористени за набавка на нова инхалаторна терапија.
„Производителот на Фостер вчера достави соопштение дека прифаќа да биде во продажба во аптеките во Македонија по новата пониска референтна цена од 1.915 денари, што значи дека „Фостер“ ќе биде достапен без доплата за граѓаните, само со партиципација и таа партиципација сега ќе биде 20 денари пониска, односно 280 денари“, изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.
Промената на цената на лековите предизвика реакција кај дел од аптеките, откако на позитивната листа се додадоа три скапи лека против згрутчување на крвта. Од фондот велат, се вршат контроли – дали аптеките го обезбедуваат правото на пациентите, лековите да ги добиваат на рецепт.
„Дел од нив имаат набавено количини на лекови по стари цени, дел од нив доцнат со програмерските промени, бидејќи мора да ги сменат програмите, но од вчера мислам дека најголем дел од аптеките ги надминуваат и ние веќе контролираме во кои градови има издавање“, рече Клековски.
Од фондот велат, дека при контролите се толерираат само помалите аптеки, кога станува збор за поскапите лекови.
Од фондот велат дека сите аптеки имаат законска обврска да ги обезбедат лековите што се на позитивната листа. За непочитувањето предвидени се казни.
Андријана Ѓурческа
