Комисиска расправа за Законот за високо образование
Високото образование мора да се стави во законска рамка, велат од ресорот. По објавувањето на Законот на ЕНЕР, не престануваат реакциите како од академската фела, така и од опозицијата. Предложеното законско решение се најде и пред матичната собраниска на која копјата ги вкрстија пратениците од власта и опозицијата ...

Kолку повеќе го читате Законот за високо образование толку повеќе ќе сфатите дека тој закон не му верува на универзитетот. Сам да определува критериуми, да носи сам одлуки ни па дека може да создаде сам политики за сопствен развој. Забелешка на опозицијата. Законските измени се неопходни за надминување на долгогодишниот пад на квалитетот и задржување на студентите. Особено бевме внимателни во вметнување на препораките од болонјскиот процес рече заменик министерот за образование.
Законот за високо образование не ги слушнал доволно ни академската фела ниту студентите. Има забелешки кои треба да се слушнат. Ова е закон кој не смее да подлежи на политички влијанија и договори туку да биде во интерес на студентите на академската фела сметаат опозицијата.
Според пратениците времето било кратко за да се искажат сите забелешки. Законот е во прво читање и ќе се носи по редовна постапка.
Ана Јосифоска
