идризово
Продолжи судењето за трагедијата во Кочани
09.07.2026 18:26
Со презентација на докази од телефонски апарати и комуникации меѓу дел од обвинетите, продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека на смртта.

Со презентација на докази од телефонски апарати и комуникации меѓу дел од обвинетите, продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека на смртта. Одбраната реагираше дека во дел од презентираните документи, никаде не се споменувал „Пулс“.
Судијката кажа дека од доказите на Обвинителството се останати уште градежните вештачења и градежните вештаци, по што докази и сведоци ќе изведува одбраната, која има две вештачења.
Следното рочиште е закажано за 14 јули.
