Шпанија

Големи шумски пожар во Шпанија, најмалку 12 лица загинаа

10.07.2026 15:09

Пожарот избувна за време на силниот топлотен бран што ја зафати јужна Европа...

Најмалку 12 лица загинаа, а шест се повредени во големиот шумски пожар во шпанската покраина Алмерија. Пожарот избувна за време на силниот топлотен бран што ја зафати јужна Европа. Дел од жртвите биле пронајдени во возила зафатени од пламените јазици. Околу 150 пожарникари, потпомогнати од специјализирани служби се борат со огнената стихија.

Евакуирани се околу 1.000 жители. Шпанија годинава бележи рекордно високи температури, а во некои делови од земјата се очекуваат и до 42 степени. Екстремните предизвикаа големи пожари и во Франција и Португалија, каде што стотици пожарникари се борат на огнените фронтови, а илјадници жители се принудени да ги напуштат своите домови.