Свет

Кина: Најмалку 28 лица загинаа во пожар во фабрика за обувки

10.07.2026 08:43

Пожарот избувнал четири минути по полноќ по локално време во повеќекатницата во која била сместена фабриката...

Најмалку 28 лица загинаа во пожарот во фабрика за обувки во кинескиот град Џинџијанг. Пожарот избувнал четири минути по полноќ по локално време во повеќекатницата во која била сместена фабриката. Пламените јазици се ширеле со голема брзина бидејќи зградата содржела огромни количества лесно запаливи материјали, ткаенини и лепило што се користат во производството на обувки, а голем број работници биле заробени на покривот од зградата.

Властите започнаа истрага за да се утврди причината за пожарот и да се спречат слични инциденти во иднина.