Во Собранието комеморација по повод Денот на сеќавање на жртвите од Сребреница
Според најавата од Собранието, одбележувањето ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а со програмата ќе раководи претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи.

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи комеморативен настан.
Според најавата од Собранието, одбележувањето ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а со програмата ќе раководи претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи.
Пред присутните ќе се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратеникот Амар Мециновиќ, професорот Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, како и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан Азизи.
