Свет

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела порасна на 3.889 лица

10.07.2026 10:37

Панамериканската здравствена организација предупредува на здравствените ризици кои се појавија по земјотресот, како прекини во редовната здравствена заштита, пренатрупани привремени засолништа и недостиг на пристап до чиста вода.

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела порасна на 3.889 лица, покажуваат податоците што ги објави високиот функционер Хорхе Родригез.

Панамериканската здравствена организација предупредува на здравствените ризици кои се појавија по земјотресот, како прекини во редовната здравствена заштита, пренатрупани привремени засолништа и недостиг на пристап до чиста вода.

Повредени се над 16 илјади лица, додека околу 18 илјади луѓе останаа без своите домови.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтер беше најсилниот во последните повеќе од 100 години, според податоците на американскиот геолошки институт.