СП 2026

Франција прв полуфиналист на Светското првенство, Мбапе повторно во центарот на вниманието

10.07.2026 10:08

Франција обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство откако со 2:0 го совлада Мароко во реприза на полуфиналниот дуел од пред четири години. „Триколорите“ сега го чекаат победникот од вечерашниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија.

Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство, откако во првото четвртфинале славеше над Мароко со 2:0. Избраниците на францускиот селектор беа подобар ривал во текот на целиот натпревар и заслужено изборија пласман меѓу четирите најдобри.

Килијан Мбапе најпрвин не реализираше пенал во 28. минута, откако неговиот удар го одбрани мароканскиот голман Боно. Сепак, француската ѕвезда се искупи во 60. минута кога го отвори резултатот, а само шест минути подоцна Усман Дембеле ги постави конечните 2:0.

Со осмиот погодок на шампионатот, Мбапе се израмни со Лионел Меси на врвот на листата на стрелци, додека Дембеле стигна до својот петти гол.

Противник на Франција во полуфиналето ќе биде победникот од вечерашниот четвртфинален натпревар меѓу Шпанија и Белгија, кој се игра од 21 часот во Лос Анџелес.

Фото: ФИФА