Расте бројот на повици на линијата „Ало докторе“

25.09.2014 12:40

На двајца граѓани кои се јавиле им било укажано да ја повикаат службата за Итна медицинска помош 194 поради градни болки...

На телефонската линија за медицински совети за граѓаните 15123 „Ало докторе“ во текот на изминативе два дена имало вкупно 274 повици. Сите граѓани  кои што се јавиле  добиле соодветен здравствен совет, а некои и  соодветна симптоматска терапија.

На двајца граѓани кои се јавиле им било укажано да ја повикаат службата за Итна медицинска помош 194 поради градни болки.

Најголем број од другите јавувања се однесувале на кардиоваскуларни и респираторни симптоми.

Денска и утре во кол центарот на линијата „Ало докторе“ во периодот од 18 до 22 часот ќе бидат дежурни директорка на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Ленче Неловска и директорот на специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаирмендух Јегени.