МВР
Двајца приведени во Скопје- при претрес во Кисела Вода пронајдени дрога, вага и пари
10.07.2026 12:29
Две лица од Скопје се лишени од слобода по полициски претрес во дом на подрачјето на Кисела Вода. При акцијата биле пронајдени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа ги лишиле од слобода П.Ј. (38) и Д.Р. (28), двајцата од Скопје, по претрес извршен во дом на подрачјето на Кисела Вода.
Како што соопшти МВР, претресот бил спроведен врз основа на претходно издадена судска наредба. Во домот, каде што бил затекнат и Д.Р., полицијата пронашла и одзела бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари.
По целосното документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
