Отворен нов стопански објект во Општина Илинден

25.09.2014 12:47

Станува збор за компанија што се занимава со трговија и монтажа на материјали за централно греење, водовод и климатизација...

Бизнис семејството на Општина Илинден е побогато за уште еден член. Во локалната економска зона е отворен нов стопански објект на фирмата „Јоки“.

Станува збор за компанија што се занимава со трговија и монтажа на материјали за централно греење, водовод и климатизација.

Новиот објект е на површина од 1.000 метри квадратни, од кои 800 метри се магацински, а 200 метри квадратни изложбен и канцелариски простор.

Вкупната инвестиција е околу 500.000 евра, што овозможи отворање на 10 нови работни места.