Труење со храна во фабрика во ТИРЗ зоната во Штип
На домашно лекување се пуштени шестмината работници од фабриката во ТИРЗ кои со сомнежи за труење побарале лекарска помош. Од Центарот за јавно здравје земени се мостри за микробиолошка анализа и брисови од работните површини. Испитувањата се во тек ...

Шестмина работници во фабрика во ТИРЗ зоната во Штип побарале лекарска помош заради труење со храна. Неколкумина биле задржани во болницата, денес сите се на домашно лекување. Од Центарот за јавно здравје Штип велат дека веднаш е извршен увид и земени се примероци од кујната на операторот каде се подготвува храната за вработените
„Стручни лица од Центарот излегоа на увид во објектот на операторот со храна, извршен разговор со одговорните лица, дадени се препораки и мерки и наложено е генерално механичко чистење на просториите. Направени се санитарни прегледи на вработените и земени се мостри за микробиолошка анализа и брисеви од работните површини и во фирмата каде се консумира храната и кај операторот снабдувач со храна“, соопштија од Центар за јавно здравје.
Во моментот се врши лабораториска анализа на земените примероци во Институтот за јавно здравје.
Славица Величковска
