Македонија

Томашевски по пет години се вратиле од Холандија

10.07.2026 17:23

По пет години живот и успешен бизнис во Хаг, семејството Томашевски одлучи да се врати во Македонија. Велат дека во странство стекнале знаење и материјална сигурност, но најмногу им недостасувало времето со најблиските. Раѓањето на нивната ќерка Бисера било пресудно повторно да го изберат домот. Порачуваат-каменот тежи на местото...

„Дојдовме за да земеме и за да вратиме“ е мотото на семејството Томашевски кое пред пет години заминало во Хаг, Холандија за доквалификација и професионална надградба. Во Македонија се вратиле пред една година. Раѓањето на нивната ќерка Бисера била главната причина за враќањето која одлучиле да расте според вредностите на едно македонско семејство.

Не се снајдовте? – им е најчестото поставувано прашање по враќањето во татковината. Тие успеале материјално да се обезбедат, но она што најмногу им недостасувало, а со пари не се купува, велат дека е времето поминато со најблиските.

Во Холандија основале компанија за развој и регрутирање на лидерски кадри. И бизнисот го преселиле овде, бидејќи велат Македонија има голем потенцијал.

Моника и Кристијан се едни од стотината повратници изминативе години. Порачуваат-каменот тежи на местото.

 

Александра Велинова