Прилеп

Во Прилеп отворен Центар за дигитални услуги

10.07.2026 13:29

Граѓаните за пет минути го добиваат потребниот документ, а Македонија ги унапредува дигиталните услуги, констатираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во Прилеп промовиран центарот за дигитални услуги, што е 11-ти од 16-те во државава. Граѓаните за пет минути го добиваат потребниот документ, а Македонија ги унапредува дигиталните услуги, констатираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Известува Елизабета Митреска.