Македонија

УХМР: Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд

10.07.2026 18:11

Минималната температура ќе се движи од 10 до 21, а максималната ќе биде меѓу 29 и 37 Целзиусови степени.

Претстојниот викенд се очекува сончево и топло време, иако во недела попладне се можни дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

За сабота е најавено сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, а слична прогноза важи и за Скопје, каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде умерен, повремено засилен, од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 21, а максималната ќе биде меѓу 29 и 37 Целзиусови степени.

Високи температури се очекуваат и на 13 и 14 јули, кога максималната температура се предвидува да достигне до 36 и 38 степени.