Полицијата во голема акција откри илегални мигранти

25.09.2014 13:50

Акцијата за откривање и приведување илегални мигранти била спроведена во кругот на Железничката и Меѓуградската автобуска станица во Скопје...

Полицијата попладнево спроведе голема акција за откривање илегални мигранти. Повеќе полициски екипи ги блокираа приодите кон скопската Железничка станица.

Акцијата за откривање и приведување илегални мигранти била спроведена во кругот на Железничката и Меѓуградската автобуска станица.

Од МВР засега не се соопштуваат повеќе детали за денешната акција.

Се најавува официјален став најверојатно за попладнево или во текот на утрешниот ден.