Наскоро ќе се знае дали Охридскиот Регион ќе го задржи статусот на УНЕСКО
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е оптимист дека Охрид ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Следната недела треба да се знае дали Охридскиот Регион ќе го задржи статусот на УНЕСКО. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е оптимист дека Охрид ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја.
Следната недела во Јужна Кореја ќе почне Генералното собрание на организацијата во рамките на Обединетите нации, по што, според вицепремиерот, работите ќе бидат појасни. Николоски рече дека иако не сака да зборува предвреме, сепак се надева дека земјава ќе успее да го избегне она што го оцени како најкритично за нас, а тоа да Охридскиот Регион да се најде на листата на загрозени подрачја.
Во тој контекст го спомена и автопатот Требеништа-Ќафасан, за кој УНЕСКО имаше резерви дали треба да се гради. Според него, сега по посетата на нивната мисија повеќе не е прашање дали ќе се гради, туку да се одбере трасата.
