Македонија ќе добие железничка врска со Албанија
Владата и Европската унија работат на проект за железничко поврзување на Скопје, Тетово, Гостивар, па потоа до Кичево, Охрид и Струга со Албанија. Според министерот Александар Николоски, новата железница ќе овозможи побрз транспорт и ќе придонесе за намалување на метежот и загадувањето.

Македонија железнички ќе се поврзе со Албанија. Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски рече дека заедно со Европската унија интензивно се работи на документација за железничка инфраструктура на Скопје со Тетово и Гостивар.
Следна фаза железницата треба да продолжи до Кичево, а потоа да се поврзе со Охрид и Струга и понатаму со Албанија. Според министерот, идејата за меѓуградски возови треба да растовари сообраќајот, да го намали метежот и загадувањето.
В година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, а според најавите целосно ќе е готов во 2028 година, додаде Николоски.
И стопанството со оптимистички прогнози. Македонија не заостанува зад регионот, туку, напротив, има простор да стане една од најдинамичните економии, оти домашни фирми се ангажираат на изградба на македонските патишта.
Меѓуградските возови би го намалиле сообраќајниот метеж и загадувањето, а граѓаните би добиле побрза и покомфорна транспортна алтернатива, велат од Владата.
Според министерот, активностите се продолжение на проектот „Градски воз“ во рамки на Скопје, со надеж дека наскоро ќе започнат и конкретни активности на терен.
Борис Грујоски
