Дигитализација

Во Прилеп промовиран Центар за дигитални услуги

10.07.2026 18:23

Прилеп денеска го промовираше Центарот за дигитални услуги, што е 11-ти од 16-те во државава. Граѓаните за пет минути го добиваат потребниот документ, а Македонија ги унапредува дигиталните услуги, констатираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

На младите им е лесно, на возрасните им треба објаснување. Ама, граѓаните стигнуваат до дигиталните услуги за добивање документи. Прилепскиот Центар за дигитални услуги, 11-ти отворен во две години од 16 центри во земјава, што ќе одговорат на потребите на граѓаните за брзо до нов документ.

Прилепскиот центар месечно дигитално издава 100-тина документи. Македонија ги унапредила дигиталните услуги и е во земјите со напредна технологија, сметаат од Министерството за дигитална трансформација.

За две години десеткратно се унапредиле дигиталните услуги. Ако до 2024-та година годишно се издавале 1.300, сега граѓаните добиваат 13.000 документи дигитално.

Елизабета Митреска