Нема енормно зголемен број на заболени од СИДА
Прилеп нема зголемен број случаи на СИДА. Но, новиот начин на живот носи опасност...

Прилеп нема енормно зголемена бројка на заразени од ХИВ СИДА, категорични се од прилепскиот Центар за јавно здравје наспроти сите шпекулации на социјалните мрежи и во јавноста. Годинава се регистрирани три случаи на ХИВ СИДА. Бројките од појавата на СИДА заразените од 1987 година не покажуваат загриженост.
Според податоците последниве години поради начинот на живот, глобалноста за работа во други земји, доведува до промискуитетност и зголемен процент. Случаите во последниве пет години се за 30 насто повеќе од периодот на 25 години.
Македонија е земја со ниска преваленца на ХИВ. Најчесто се инфицираат и заболуваат лицата од машки пол. Во Прилеп, од 37 регистрирани случаи, 33 се од машки, а 4 се од женски пол. Во поглед на возраста, најмногу, околу 78 проценти се на возраст од 20 до 39 години.
Елизабета Митреска
