Зима за антикварниците

23.12.2013 17:59

За 80 проценти е падната продажбата во антикварниците. Сопствениците сепак причината ја бараат најмногу во, како што велат, лошиот период од годината, а не во последните случувања со кражбите на артефакти од музеите. Зиме туристите се бројат на прсти, а тие се нивни најчести муштерии и не се информирани за случувањата во земјава.

„ Обично периодот пред и после Нова Година, јануари, февруари и март до средината за нас е мртов период. “ вели Стоиле Трајковски-сопственик на антикварница.

Трајковски кој со години го работи овој семеен бизнис, вели дека постојано се соочува со истиот проблем. Лете тријат раце, зиме-преживуваат.

„ Сепак, ако претходно биле внимателни од кого и што набавуваат, сега отвараат четири очи. Легалните продавачи не сакаат да се спротивстават на законот и да купат крадено национално богатство. “

И интернет-продавачот на ракотворби, Владо Голчев се жали дека сега нема работа. Но за него проблем се и законските обврски, кои се најчеста пречка за да се изнесе ваков производ надвор од земјава.

„ Имам порачка на интернет, знаете дека тоа работи 24/7, денеска од Србија, утре од Канада, задутре од Австралија, тие производи чинат од 30-50 евра. Согласно законите јас треба да направам извесна царинска декларација, а таа царинска декларација ја прави шпедитор  кој зема од 20-30 евра. Од министерство за култура треба да побарам дозвола и таа постапка не се знае дали ќе биде половина час, еден час или еден ден. Тие две работи мене ме чинат повеќе од самиот предмет“-вели Владо Голчев, интернет-продавач на ракотворби.

Откако беше откриен големиот грабеж на артефакти во Музијот на Македонија, инспекциите се зачестени. Од управата за заштита на културни споменици велат дека внимателно се „чешла“ кој и што продава. Ситуацијата очигледно ги вознемири и оние кои под рака на интернет продаваат „непроверена стока“, па често се одлучуваат да ги повлечат огласите.

Катерина Топалова