Водите од потпелистерските чешми немаат квалитет и безбедност за пиење
Потпелистерската вода е загадена и не треба да се пие. Особено да внимаваат бремените жени, децата и лицата со намален имунитет, советуваат од Центар за јавно здравје во Битола...

Водите од потпелистерските чешми немаат квалитет и безбедност за пиење, покажуваат резултатите на редовната бактериолошка и физичко-хемиска анализа на Центарот за јавно здравје. Особено треба да внимаваат малите деца, бремените жени, но и лицата со намален имунитет, објаснува доктор Бојоевска.
Што се однесува до водите од јавните чешми во градот Битола како и оние од градскиот водовод анализите покажуваат стопроцентна исправност и безбедност за пиење со исклучок на водата од таканаречената „Камена чешма“ во детскиот парк Довлеџик.
Од Центарот за јавно здравје со препорака- при престој во природа со себе да се носи проверена вода за пиење.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
