Свет

Втор прекин на електричната енергија во Куба за една недела

11.07.2026 10:05

Министерството за енергетика објави на социјалните мрежи дека се активираат протоколи за да почне процесот на закрепнување...

Куба повторно во целосен мрак, втор прекин на електричната енергија во земјата за една недела и четврти годинава. Министерството за енергетика објави на социјалните мрежи дека се активираат протоколи за да почне процесот на закрепнување.

Честите прекини на електричната енергија во Куба ги поттикнаа растечките социјални тензии. Американскиот претседател Трамп воведе ембарго за нафта на карипскиот остров, откако Вашингтон го собори од власт венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари. Венецуела беше главен снабдувач со нафта за Куба.

Хавана со обвинување за децениското американско трговско ембарго, додека Вашингтон ги припишува прекините во снабдувањето со струја на лошото управување со кубанската државна економија.