Битола

40 студенти на летна пракса во битолските институции

11.07.2026 12:46

Наместо летниот распуст целосно да го поминат без работни обврски, 40 студенти ова лето ќе стекнуваат практично искуство во институциите во Битола. Преку универзитетската летна пракса, што четврта година по ред ја организираат општина Битола и универзитетот „Св. Климент Охридски“, младите ќе имаат можност стекнатите знаења од факултетските клупи да ги применат во реална работна средина …

Теоријата добива вистинска вредност кога ќе се примени во пракса. 40 студенти од различни факултети на УКЛО, и ова лето ќе бидат дел од универзитетската летна пракса и ќе работат во општинската администрација и јавните претпријатија. Викторија Брдаровска од Правниот факултет, по четврти пат ја користи можност, теоријата да ја претвори во пракса и да го надополни своето искуство во Одделението за имотно правни работи во општина. Очекувањата се дека стекнатото искуство ќе биде значајна предност за нејзината идна кариера.

Од Општина Битола велат-вложувањето во младите е вложување во иднината на градот. Проектот во соработка со универзитетот Св. Климент Охридски, има за цел да им овозможи на студентите да стекнат професионално искуство, да ги надградат своите вештини и полесно да се подготват за пазарот на труд.

Позитивните искуствата, го зголемуваат и интересот на студентите. Кои, пак сметаат дека практикантската работа треба да се изведува во текот на целото лето, а не само еден месец.

Летната универзитетска пракса во изминативе години на повеќе од 150 студенти им овозможи да го направат првиот чекор кон нивниот професионален развој.

Александра Максимовска