Македонската алијанса за европска интеграција и другите малцинства во Албанија бараат загарантирано парламентарно претставување
Партиите испратиле заедничко барање со препораки до специјалната парламентарна комисија за изборна реформа, со кое се повикува на суштински измени во изборното законодавство на соседната земја со цел, обезбедување поефикасно политичко претставување на националните малцинства...

Македонската алијанса за европска интеграција и другите малцинства во Албанија бараат загарантирано парламентарно претставување, но и јавно финансирање. Партиите испратиле заедничко барање со препораки до специјалната парламентарна комисија за изборна реформа, со кое се повикува на суштински измени во изборното законодавство на соседната земја со цел, обезбедување поефикасно политичко претставување на националните малцинства.
Партиите кои ги претставуваат македонското, влашкото, египќанското и ромското национално малцинство бараат редовно јавно финансирање, бидејќи тоа е неопходно за да можат рамноправно да учествуваат во политичкиот живот и изборните процеси во Албанија.
