Образование

По ревизијата на состојбите, се најавува нов бран затворања на високообразовни установи

11.07.2026 14:51

Уште пет до шест институти се пред затворање, а уште пет универзитети се под мониторинг. По евалуациите што ги спроведуваат странски експерти, дел од високообразовните установи ќе останат без акредитации доколку не ги отстранат утврдените неправилности. Министерката за образование Весна Јаневска вели откриени се сериозни пропусти...

По ревизијата на состојбите се најавува нов бран затворања на високообразовни установи. Министерството постапува по пријави за неправилности. Од страна на поединци или групи професори. Конечно и Агенцијата за квалитет во високото образование, не дели само акредитации, туку спроведува евалуации, за првпат и со странски експерти.

Министерката за образование вели откриени се сериозни пропусти.

„Првите евалуации кои се прават со странски експерти покажуваат дека на одредени универзитети работата е добра, но кај други ќе бидат одземени акредитациите. Ги почитуваме законските рокови, а доколку не се отстранат недостатоците, тие што нема да ги исполнат условите ќе бидат затворени“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.

Досега се затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа, а контролите продолжуваат и во наредниот период.

„Досега се затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа. Во тек е постапка за затворање на уште пет до шест институти, а проверки и мониторинг се спроведуваат и на најмалку уште пет универзитети“, додаде Јаневска.

Од Министерството велат целта не е затворање на високообразовни установи, туку воспоставување повисоки стандарди за квалитет во високото образование и почитување на законските критериуми за акредитација.

Соња Рилковска