инцидент

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот на летот на „Рајанер“

11.07.2026 14:02

Американскиот национален одбор за безбедност во транспортот соопшти дека е назначен акредитиран претставник за да и помогне на земјава во истрагата за овој сериозен инцидент, бидејќи се случил во нашиот воздушен простор, иако боингот полетал од Солун и се вратил во Солун со оштетен десен мотор и скршен прозорец...

Македонија ќе ја води истрагата со инцидентот на летот на „Рајанер“, кога 61-годишен српски патник за малку ќе бил извлечен надвор од леталото поради оштетување на прозорецот и наглата декомпресија. Патникот што седел до прозорецот е повреден. Американскиот национален одбор за безбедност во транспортот соопшти дека е назначен акредитиран претставник за да и помогне на земјава во истрагата за овој сериозен инцидент, бидејќи се случил во нашиот воздушен простор, иако боингот полетал од Солун и се вратил во Солун со оштетен десен мотор и скршен прозорец.

Безбедносната истрага ја спроведува државата на чија територија или во чиј воздушен простор се случила несреќа или инцидент, бидејќи таа е државата на настанот.