31 година од геноцидот во Сребреница
31 година од геноцидот во Сребреница. Во меморијалниот центар „Поточари“ погребани посмртните останки на уште 10 жртви...

Во меморијалниот центар „Поточари“ се одбележуваат 31 година од геноцидот во Сребреница. Погребани и останките на уште десет новоидентификувани жртви. Досега во меморијалниот центар се погребани речиси 6.800 жртви на геноцидот. Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина трага по уште 900-ни жртви. На комеморацијата и претходеше тридневниот „Марш на мирот“.
Илјадници учесници од Босна и Херцеговина, од регионот и од бројни земји од светот ја поминаа рутата, што во јули 1995 година ја минаа илјадници жители на Сребреница, обидувајќи се да стигнат до територијата под контрола на босанската армија, откако српските сили ја зазедоа Сребреница, заштитена зона од обединетите нации.
