Изборен законик

Копјата за Изборниот законик сè уште се кршат, договор нема

11.07.2026 17:01

15 јули е зад аголот, копјата за Изборниот законик сè уште се кршат. Договор нема. Власта го чека усогласениот предлог на опозиционерите, премиерот Мицкоски ги повика да покажат одговорност и зрелост. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека е подготвен да се формира работна група за да се најде соодветен начин за гласањето на дијаспората, што нема да отвора сомнеж за обид за изборен грабеж...

15 јули е зад аголот, копјата за Изборниот законик сè уште се кршат. Договор нема. Власта го чека усогласениот предлог на опозиционерите, премиерот Мицкоски ги повика да покажат одговорност и зрелост. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека е подготвен да се формира работна група за да се најде соодветен начин за гласањето на дијаспората, што нема да отвора сомнеж за обид за изборен грабеж. Шефот на Владата забележува – искуството вели дека ако сакате некоја работа да не се заврши, формирате група или комисија.

Марина Стојанова Тонева