пожари

Пожар на тешко пристапен терен во Валандово

11.07.2026 17:40

Екипите го имаат под контрола, но проблем е што механизацијата не може да интервенира...

Попладнево избувна пожар на тешко пристапен терен во Валандово, кај месноста Пирин чешма. Екипите го имаат под контрола, но проблем е што механизацијата не може да интервенира. Општината се сомнева дека огнот е намерно предизвикан, од потпалувач кој добро го познава теренот и избира локации каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Надлежните предупредуваат дека ваквите постапки се казниви со закон, но претставуваат и сериозна опасност за животот, имотот и животната средина.