Временска прогноза
Променливо облачно, попладне дожд и појава на грмежи
12.07.2026 08:39
Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер...

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
